Почетна > За нас

Туристичката агенција АС Транс со седиште во Скопје, е основана во март 2002 година. Од самиот почеток се каректеризира со сериозен пристап во работењето и постојан растеж и докажување во сите сфери од областа на туризмот за во денешно време да прерасне во една од водечките агенции во Р.Македонија.

Од 2003 година, според новиот закон за туризам агенцијата доби А лиценца за туроператори од Министерството за економија.

Од април 2005 година АС Транс е член на ИАТА со код бр:76 – 3 – 2044 0 и постојан член на АТАМ (здужение на туристичките агенции).

Дејности со кои се занимава туристичката агенција се организирање на индивидуални и групни патувања, ученички и студентски екскурзии, организирање на конгреси и семинари, резервација и продажба на авио билети и патнички осигурувања.

Препознатлива е по својот верен, љубезен и квалификуван кадар кој е спремен да излезе во пресрет и да ги исполни барањата на пребирливите клиенти. Доказ за тоа се задоволните клиенти кои веќе долги години ги користат нашите услуги како и нашите долгогодишни деловни партнери со кои успешно соработуваме.

Во изминатите години заедно со растежот на агенцијата растеше и стремежот за промоција на природните богатства на нашата земја надвор од нејзините граници и се ориентиравме кон остварување на овие стремежи.

Од 01.01.2007 до Мај 2009 година реализиравме повеќе од 25.000 ноќевања за странски гости ви Охрид и Скопје во соработка со реномирани агенции од сосетството и Европа. Нашата идеја е Македонија повторно да стане интересна дестинација за странските гости кои со наша помош ќе ги откријат нејзините повеќе или помалку познати природни убавини. На гостите им нудиме комплетен сервис, од хотелски и приватни сместувања, помош при патување, индивидуални и групни разгледи со стручни (лиценцирани) водичи, организација на специјални тури…

Ви благодариме што ни ја давате Вашата доверба! Ние работиме и постоиме само за Вас !!!