Почетна > Блог > Градови > Венеција – градот на соништата

Венеција – градот на соништата

Венеција е извонредно познат град кој е стар 1700 години, тој бил главната врска на европската уметност, музика и политички напредок. Тој бил потикнувач на ренесансата и се смета дека е првиот финансиски центар. Денеска Венеција е еден од најважните градови во Италија и е врвна романтична дестинација во светот за патување, првенствено поради долгите и километарски прошетки со што поминувате многу канали. Всушност градот има 150 канали со повеќе од 400 мостови кои ги поврзуваат 118 мали острови во Венецијанската лагуна. Опкружен со прекрасни палати, цркви, плоштади и музеи, ресторани и продавници, Венеција нуди уникатно и историско искуство.

Интересни факти за градот Венеција:

  • Првото јавно казино во светот е отворено во Венеција во далечната 1638 година.
  • Венеција тоне просечно од 1 до 2 милиметри годишно.
  • Градот има 350 гондоли и 400 гондолиери, просечно гондолите се долги 11 метри со тежина од околу 600 килограми.
  • Населението на Венеција се намали од 120,000 на 60,000 во последните 50 години.
  • Некои експерти веруваат дека Венеција нема да има жители до 2030 година, само туристи кои ја посетуваат.

Топ 10 места за посета:

  1. Плоштадот и базиликата Св. Марко
  2. Мостот „Rialto“
  3. Мостот на воздишките
  4. Дуждовата палата
  5. Каналот „Canal Grande“
  6. Саат кулата „Campanile“
  7. „Rialto Market“
  8. Возење со гондола
  9. Островите: Мурано, Бурано и Торчело
  10. „Peggy Guggenheim“ и „Correr“ музеите.

Наш совет: Посетете ја Венеција

Преку нашите актуелни аранжмани за Венеција, ви нудиме посета на градот во безбедна, релаксирана и благопријатна атмосфера, посета на најважните градски споменици, плоштади и места кои се означени во понудата.

Можеби ќе ви се допаѓа...