Почетна > Блог > Градови > Виена – градот на музиката

Виена – градот на музиката

Наречен „градот на музиката“, Виена е еден времеплов на музиката од Моцарт, Бетовен, Хајдн, Шуберт па се до валцот од многубројните градски композитори. Низ вековите Виена отсекогаш произведувала и негувала светски познати уметници. Со својата страст за уметност, поранешните владетели ја направија Виена еден извонредно богат уметнички центар. Музејот на ликовни уметности е еден од најголемите и најистакнатите музеи во светот, сместувајќи непроценливи уметнички дела.

Интересни факти за градот Виена:

  • Виенската золошка „Schonbrunn“ е во светот најстара и единствена золошка во барок стил.
  • Во Виена бил произведен кроасанот „kipferl“ за да се обележи победата на Австрија над отоманските турци во далечната 1683 година, нивната форма е на полумесечина.
  • Во Виена е произведена првата кристална снежна топка во далечната 1900 година, од страна на Ервин Перзи – механичар за фини инструменти кој пробувал да ја подобри осветленоста на една хируршка лампа.
  • Виена е прогласена за најдобриот град за живеење во светот 7 години по ред. Имајќи ги во предвид факторите како што се политичката, социјалната и економската клима, медицинската грижа, образованието, рекреативните можности, условите во животната средина, инфраструктурните услови, Виена постојано излегува на врвот!

Топ 10 места за посета:

  1. „Schonbrunn Palace“
  2. „Hofburg Imperial Palace“
  3. Кулата „Danube“
  4. Комплексот „Belvedere“
  5. „Kunsthistorisches“ музејот
  6. Кралската градина „Burggarten“
  7. Катедралата „St Stephen’s“
  8. „Schonbrunn“ Золошката
  9. Шпанската Јавачка школа
  10. Градското собрание

Наш совет: Посетете ја Виена

Со нашите актуелни аранжмани за Виена имате можност да го посетите градот во пријатна атмосфера и безбедно, со посета на некои од најважните места обележани во понудата.

Можеби ќе ви се допаѓа...