Почетна > Блог > Градови > Париз – градот на светлината

Париз – градот на светлината

Париз претставува политичкa и културно-интелектуална престолнина на Франција, исто така тој е единствениот најпосетуван град во Eвропа. Париз со векови привлекува мигранти, иселеници и интелектуалци поради својата неверојатно моќна економија, богата политичка и уметничка историја, поради масовниот број на значајни туристички дестинации, исклучителната архитектура и културениот живот како и високиот стандард на живеење. Лоциран на главната раскрсница во Европа и во непосредна близина на англискиот канал и главната точка на воената и трговска индустрија, тој е вистинскиот центар на европскиот континент.

Клучни факти за градот Париз

  • Население: Околу 2,24 милиони луѓе според пописот од 2010 година.
  • Просечно посетители годишно: над 25 милиони.
  • Туристичка сезона: Околу март до септември, со највеќе посетеност во лето. Божиќната сезона е особено популарна кај посетителите.
  • Висина: 27 метри надморска висина.
  • Површина: 105 километри квадратни.
  • Реки: Познатата река Сена го пресекува центарот на градот од исток кон запад. Реката Марна тече низ многу предградија источно од Париз.

Распоред на градот

Париз е поделен на два дела: Северно и Јужно од Сена. Градот, кој често е опишуван како полжав, е распостранет на 20 области или окрузи. Првата област е во центарот на градот во близина на реката Сена. Последователните области се во вид на спирала и во насока на стрелките на часовникот. Булеварот „Périphérique“ генерално ја означува границата помеѓу Париз и неговите блиски предградија.

Топ 10 места за посета:

  1. Ајфелова Кула
  2. Триумфална Капија
  3. Лувр
  4. Версај
  5. Катедралата „Notre Dame”
  6. Плоштадот „Concorde”
  7. „Montmartre”
  8. Базиликата „Sacre Coeur”
  9. „Moulin Rouge”
  10. „Champs Elysees”

Наш совет: Доживејте го Париз

Нашите аранжмани за Париз можат да ви понудат безбедна и незаборавна посета на градот, а исто така во релаксирана и пријатна атмосфера посета на некои од најважните градски споменици и места.

Можеби ќе ви се допаѓа...