Почетна > Политика на приватност

Политиката за приватност на Т.А Ас Транс е насочена кон посветеност на заштитата на приватноста и интегритетот на личните податоци на посетителите кои ја користат веб страната (www.astrans.mk).

Приватноста на посетителите целосно се почитува за време на посетата на нашата интернет страна. Компанијата не собира лични податоци за корисниците на веб страната на Ас Транс, освен доколку ни испратат електронска порака или барање во која своеволно ќе ги испратат своите лични податоци (име, презиме, контакт информации и друг вид информации).

Личните податоци на посетителите на официјалната интернет страна на Ас Транс кои се добиени заради процесирање на барања и поставени прашања се достапни само на вработените во Ас Транс кои се законски обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци) до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи.

Т.А. Ас Транс не собира лични податоци од чуствителна природа, и затоа ве молиме да не испраќате лични податоци кои се од чувствителна природа преку e-пошта.

При посетата на веб страната на Ас Транс, секој корисник пристапува со одредена IP (интернет протокол) адреса која е различна за секој компјутер и се доделува од страна на интернет провајдерите.

Според Законот за заштита на личните податоци, IP адресата се смета за личен податок и се штити со закон, иако самата не е доволна за да се открие идентитетот на корисникот. Но, во соработка со интернет провајдерите, возможно е да се открие за кое лице – корисник на одредена IP адреса станува збор. Ас Транс не собира податоци за IP адреси и не соработува со интернет провајдери со цел да добие податоци за корисниците, освен доколку се направи обид за неавторизиран и неовластен упад на страната на Ас Транс, со цел да се предизвика штета по угледот или интегритетот на податоците на компанијата. Само во овој случај (од безбедносни причини), Ас Транс го задржува правото да ги користи IP адресите за посетите на веб страната со цел да се покрене истражна постапка од овластен државен орган и да се открие идентитетот на неовластениот напаѓач.

Нашите сервери автоматски ги евидентираат информациите за посетите на нашата интернет страна и при пополнување на барања на Ас Транс. Овие евиденции на поднесените барања се податоци кои ги користиме исклучиво заради воспоставување контакт на заинтересираните страни. Податоците добиени при вашата посета на нашата веб страна не ги користиме за идентификување на одредени лица.

Сигурност

Ас Транс ги презема сите пропишани законски, оперативни, технички и физички мерки за заштита на вашите лични податоци, со цел да се спречи злоупотреба, загуба, уништување, неавторизирана промена или неавторизиран пристап до податоците со кои располага. Политиката за приватност на Ас Транс редовно се мониторирира и повремено се ажурира. Доколку имате прашања во врска со оваа Политика и за сите прашања поврзани со вашите лични податоци кои се управуваат согласно оваа политика, ве молиме контактирајте не на: info@astrans.mk или директно на Т.А. Ас Транс, Кеј 13 Ноември бб Скопје.