Почетна > Дестинации > Будва > Будва Котор Дубровник – 29ти декември – НОВА ГОДИНА

Будва Котор Дубровник – 29ти декември – НОВА ГОДИНА - 4 Дена

dino-merlin
Будва Котор Дубровник – 29ти декември – НОВА ГОДИНА
4999

БУДВА –  КОТОР – ДУБРОВНИК  –  ДОЧЕК НА НОВА 2019  ГОДИНА

1.ДЕН 29.12.2018 Состанок на групата на паркингот спроти хотел Холидеј Ин – Дрводекор во 01:30  часот. Поаѓање  за Будва- Црна Гора во 02:00 часот, Патувањето се одвива  преку граничен премин Блаце-Косово-Албанија со кратки  попатни паузи и време за царински формалности. Пристигнување во Будва  во утринските часови  и сместување во хотел.. Време за краток одмор, релаксација и во договор со групата околу 13:00 часот се упатуваме на разглед на градот.Попладне  време за слободни активности. Во договор со групата вечерта   посета на некој од локалните клубови или дискотеки каде што ќе имаме можност да уживаме во предновогодишната еуфорија заедно со балкански и EX-YU музички ѕвезди. Враќање во хотел. Ноќевање.

2. ДЕН  – 30.12.2018  БУДВА – ДУБРОВНИК-КОТОР

Појадок.По појадокот предвиден е целодневен факултативен излет до Котор,  Бока Которскиот залив и Дубровник.Разглед на прекрасното медитеранско пристаниште на кое може да се видат едни од најлуксузните јахти,опркужено со импресивни градски зидини.Градот Котор е под заштита на Унеско  како светско  културно наследство.Помеѓу 1420-1797 Котор со околината бил во склоп на Венеција и затоа вененцијанското влијание оставило  печат на градската архитектура на Котор.По разгледот на Котор патувањето продолжува кон Дубровник.Градот Дубровник е исто во склоп на светското културно наследство на Унеско. Прошетка по Страдун,посета на црквата Св.Влах и други знаменитоски со кој изобилува Дубровник.Од градските зидини се пружа незаборавен поглед на островот Локрум и преубавиот плав Јадран.Враќање во хотел.Слободна вечер,можност за прошетка низ улиците на Будва каде што ќе можете да ја почуствувате предновогодишната магија и еугорија на прекрасно украсениот град. Ноќевање.

3.ДЕН- 31.12.2018  БУДВА  ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА

Појадок.Ден за слободни актвности и индивидуални прошетки низ Будва,посета на кафетерии,локални таверни и можност за шопинг во ексклузивни бутици. Вечерта ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА  на градскиот  плоштадот во Будва со познатата  EX- YU  музичка звезда

ДИНО МЕРЛИН.Ноќевање.

4.ДЕН – 01.01.2019  БУДВА-ТИВАТ – ПОРТО МОНТЕНЕГРО

Појадок.По појадокот напуштање на хотелот.Предвидена е  посета на Порто Монтенегро една од најлуксузните марини на Јадранското море,посета на Тиват и разглед на истиот.По разгледот слободно време за индивидуални активности или прошетка низ преубавиот Тиват.Во договорено време со групата заминување кон Македонија,Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ДОБИВАТЕ

Понудата е по лице и вклучува:
  • Превоз со високо туристички автобус на дадената релација
  • Три ноќевања со појадок во хотел со 3*
  • Разглед и дочек на Нова година во Будва
  • Пратител од агенцијата за целиот Ваш престој
  • Организација и реализација на аранжманот
*На 31ви декември на плоштадот во Будва ќе настапува ѕвездата Дино Мерлин

Можете да го испратите вашето барање во формуларот подолу.

Цена од MKDден9,998 MKDден4,999/човек
4,999
Вкупно ден 4,999 MKD