Почетна > Дестинации > Будимпешта > Будимпешта Виена Пандорф – 5ти декември

Будимпешта Виена Пандорф – 5ти декември - 4 Дена

Hungarian Parliament – Budapest – Hungary
Будимпешта Виена Пандорф – 5ти декември
4799

1 ден. СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА (05.12.2018 )

Состанок со групата во 18:30 ч. на „Дрводекор“. Поаѓање за Будимпешта во 19:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни одмори.

2 ден. БУДИМПЕШТА ( 06.12.2018 )

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Панорамски разглед на градот: Пешта – Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Андраши, Ракочи, Ваци… Парламентот, црквата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Будим – Цитаделата, Кралската палата, црквата на кралот Матејас, Рибарската тврдина… Сместување во хотел. Слободно попладне.Вечерта, факултативно крстарење со брод под мостовите на Дунав. Aко сакате да бидете дел од најромантичниот разглед на Будимпешта, појдете на крстарење по Дунав. Крстарењето започнува од мостот “Маргит” до “Mостот на слободата” со враќање назад покрај спротивната страна. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден. БУДИМПЕШТА – ВИЕНА – ПАНДОРФ ( 07.12.2018 )

Појадок. Слободно време за индивидуални активности во Будимпешта или можност за факултативна посета на Виена и аутлетот Пандорф. Панорамски разглед на градот::булеварот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург, факултативна посета на дворецот „Шенбрун“ со локален водич (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на Виена. Во пред вечерните часови враќање кон Будимпешта во хотел.Попатна посета на познатиот аутлет шопинг центар Пандорф. Вечерта можност за посета на традиционален ресторан – Чарда со богата музичка програма на танци и ора или посета на дискотека.. Ноќевање.

4 ден. БУДИМПЕШТА – ИНЏИЈА(АУТЛЕТ ЦЕНТАР) – СКОПЈЕ ( 08.12.2018)

Појадок. Напуштање на хотелот,посета на најпознатиот шопинг центар Арена плаза,заминување кон Македонија.Попатна посета на најпознатиот аутлет центар во Србија – Инџија(времетраење во договор со групата). Патувањето продолжува кон Скопје со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во ноќните часови. ( 00.00 – 02.00 часот)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО: 4799

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Сместување во хотел во Будимпешта со ***, на база 2 ноќевања со појадок

- Организиран разглед на Будимпешта

- Професионален туристички придружник

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Факултативно крстарење по Дунав – 15 €

- Факултативна посета на Виена – 20 €

-Факултативна посета на дворецот Шенбрун – 15 € со аудио водич

- Патничко осигурување – 5€

Факултативните излети не се задолжителни.

Можете да го испратите вашето барање во формуларот подолу.

Цена од MKDден4,799/човек
4,799
Вкупно ден 4,799 MKD