Почетна > Дестинации > Венеција > Венеција Милано Верона – 5ти декември

Венеција Милано Верона – 5ти декември - 5 Дена

verona
Венеција Милано Верона – 5ти декември
5999

ВЕНЕЦИЈА-МИЛАНО-ВЕРОНА

1.ДЕН( 05.12.2018) СКОПЈЕ-ВЕНЕЦИЈА

Состанок на групата во 14:30 часот на паркингот спроти х.Холидеј Ин.Поаѓање во 15:00.Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце,Србија,Хрватска,Словенија.

Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2.ДЕН-( 06.12.2018)– ВЕНЕЦИЈА

Пристигнување на пристаништето Пунта Сабиони во Лидо ди јесоло во претпладневните часови од каде со брод се пристигнува во центарот на Венеција.Разглед на градот : плоштадот и црквата Св.Марко,Мостот на воздишките,Дуждевата палата,Прокуратите,Мостот Риалто,Каналот Гранде…..По разгледот следува слободно време за индивидуални прошетки низ преубавата Венеција како и можност да го искусите чуството да се возите со гондола.Во договорено време враќање до пристаништето Пунта Сабиони и пристигнување во Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел.Ноќевање.

3.ДЕН-( 07.12.2018) ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО- МИЛАНО

Појадок. По појадокот предвидена е факултативна посета на Милано,кој е еден од најубавите градови во Европа ,град на модата ,вистинско чудо во архитектурата со прекрасни катедрали и споменик на културно историски настани.Следува разглед на градот со локален водич: тврдината Сфорцеско,Piazza Duomo,цнтралниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот.Се посетува и Via Vittorio Emanuellle ,најдобрата шопинг улица со прекрасни бутици и продавници,Миланската опера која се вбројува во една од најпознатите оперски куќи во светот.По разгледот слободно време за индивидуални прошетки,шопинг или можност за посета на некој од преубавите ресторани.Во договорено време враќање во Лидо ди Јесоло.Ноќевање.

4.ДЕН (08.12.2018) – ВЕНЕЦИЈА-ВЕРОНА

Појадок.Напуштање на хотелот.Факултативна посета на Верона еден од најромантичните градови во Европа,градот на Ромео и Јулија. Прошетка низ плоштадите Бра,Ербе и плоштадот Dei Signori каде е сместена статуата на прочуениот писател и автор на прочуената Божествена комедија,Данте Алигиери.Посета на куќата на Јулија каде ќе имате можност да се сликате со статуата на Јулија.По разгледот следува слободно време наменето за прошетка или можност да вкусите права италијанска пица во некој од рестораните сместени на плоштадите во Верона.

Во попладневните часови заминување за Македонија.

5.ДЕН (09.12.2018 Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

Превоз со високотуристички автобус на наведената релација.

2 ноќевања со појадок во Лидо ди јесоло во хотел со 3* со појадок

Организација на аранжманот.

Лиценциран туристички придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Разглед на Венеција со брод Пунта Сабиони- 20Еur

Целодневна посета на Милано – 30 еур

Посета на Верона – 10 еур

Задолжително патничко осигурување 5 Еur ( доплата во агенција)

Можете да го испратите вашето барање во формуларот подолу.

Цена од MKDден5,999/човек
5,999
Вкупно ден 5,999 MKD