Почетна > Дестинации > Истанбул > Истанбул – 8ми декември

Истанбул – 8ми декември - 4 Дена

instambul
Истанбул – 8ми декември
3999

1 ден. (06.12.2018) СКОПЈЕ

Состанок на групата во 15 часот на паркингот спроти хотелот Холидеј Ин. Поаѓање за Истанбул во 15.30. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородица. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден. (07.12.2018) ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Разгледот на градот започнува со посета на ридот Чамлиџе кој е висок 268 метри кој е највисока точка на Босфорот и овозможува незаборавна панорамска глетка на Босфорот и цел Истанбул. Можност за одмор, кафе или појадок во некој од рестораните на ридот. Тоа е омилено излетничко место на локалните жители па и туристите. Неговата убавина инспирира многу писатели и поети при што е опеана во многу песни и поеми. Разгледот продолжува со посета на стариот дел од градот : Римскиот аквадукт, Златниот рок, Таксим, Галата кула, Вселенската патријаршија, Лалели, Бајазит… По разгледот сместување во хотел. Слободно попладне наменети за индивидуални активности, прошетки, шопинг. Вечерта факултативна посета на национален ресторан, ноќен клуб, брод на Босфор или на некој од плоштадите во Истанбул (индивидуално). Ноќевање.

3 ден. (08.12.2018) ИСТАНБУЛ

Појадок. Факултативна посета на уникатната Аја Софија и прекрасната султанска палата Топ Капи која денешниот изглед го има задржано од времето на Сулејман Величествениот со локален водич и слушалки. Посета на Сината Џамија, Хиподромот. Слободно време за прошетки и шопинг. Ноќевање.

4 ден. (09.12.2018) ИСТАНБУЛ

Појадок. Во утринските часови напуштање на хотелот. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај со локален водич, последната палата на Отоманските Султани. Објектот кој со право го нарекуваат Османлискиот Версај, одлична збирка на уметнички дела и уникатна местоположба на Босфор. Факултативно крстарење по Босфор, разглед на двата брега заедно со мостовите кои го поврзуваат Европскиот и Азискиот дел на Истанбул. Можност за факултативна посета на највисоката зграда во Истанбул, Сафир Сеир Тераси (236 метри) од каде што се пружа прекрасен поглед на градот, можност за 4Д симулација на хеликоптерски лет над Истанбул со разглед на најбитните знаменитости. Слободно време за шопинг. Во вечерните часови поаѓање кон Македонија. Ноќно возење преку Грција со попатни паузи.

5 ден. (10.12.2018) СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 3999 денари

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО

-Превоз со високотуристички автобуси

-Сместување во хотел со 3* во Истанбул на база на 2НП (ноќевање со појадок)

-Панорамски разглед на Истанбул со локален водич

-Професионален туристички придружник

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО :

-Посета на Saphire Seyir Terasi – 15

-Посета на Долма Бахче Сарај (факултативно) – превоз+влезница+водич – 25

-Крстарење по Босфор – 15

-Влезници за Аја Софија и Топ Капи Палата, водич+превоз+влезница+слушалки-30

-Задолжително патничко и здравствено осигурување – 300 ден

Можете да го испратите вашето барање во формуларот подолу.

Цена од MKDден3,999/човек
3,999
Вкупно ден 3,999 MKD