Почетна > Дестинации > Будимпешта > НОВА ГОДИНА во Прага, Виена и Будимпешта – 28ми декември

НОВА ГОДИНА во Прага, Виена и Будимпешта – 28ми декември - 5 Дена

prague-newyear
НОВА ГОДИНА во Прага, Виена и Будимпешта – 28ми декември
6998

1.ДЕН –СКОПЈЕ (28.12.2018)

Состанок на групата во 14:30 часот на паркингот спроти хотелот Холидеј ин.Поаѓање за Прага во 15:00 часот.Дневно и ноќно возење преку Србија и Унгарија,со попатни паузи и царински формалности.

2.ДЕН –ПРАГА ( 29.12.2018)

Пристигнување во Прага во пладневните часови.Сместување во хотел.Слободно попладне наменето за одмор и индивидуални активности.Во предвечерните часови ноќна прошетка низ

центарот на преубавата Прага со можност за крстарење по реката Влтава,со двочасовна забава со Ди-џеј на брод.Забавата продолжува во една од најпознататите дискотеки во Прага.Враќање во хотел.Ноќевање.

3.ДЕН – ПРАГА 30.12.2018)

Појадок.По појадокот разглед на градот: Карловиот мост,плоштадот на Малтешките витези,споменикот на Карло IV,Кралскиот пат,Еврејскиот кварт,Париската улица,Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник Орлој,црквата Лорето,Градската куќа,Прашката кула,Националниот музеј,дворецот Храдчани,катедралата св.Вито…..Слободно попладне наменето за прошетка,шопинг низ преубавата Прага. Во договореното време враќање во хотел.Во вечерните часови посета на пивница и дискотека.Враќање во хотел.Ноќевање.

4. ДЕН-ПРАГА-КАРЛОВИ ВАРИ (31.12.2018) ****** ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА******

Појадок.По појадокот предвиденa е факултативна посета на еден од најубавите средноевропски градови Карлови Вари,кој изобилува со деветнаесет извори и прекрасни колонади од Неоренесансен период.Можност да се восхитувате на познатите производи од порцелан,стаклото Мозер,да го вкусите надалеку познатиот ликер Бехеровка како и да го посетите музејот на Бехеровка. Враќање во центарот на Прага,слободно време за индивидуални прошетки и шопинг низ преубавиот центар на Прага.

Во договореното време враќање во хотел. Во вечерните часови можност за факултативна прослава на Нова година во една од најдобрите дискотеки во Прага или дочек на Нова година на плоштад во центарот на Прага (индивидуално).Враќање во хотел во договорено време.Ноќевање.

5.ДЕН- ПРАГА -ВИЕНА –БУДИМПЕШТА (01.01.2019)

Доцен појадок.По појадокот напуштање на хотелот и поаѓање за Виена.Попатна полудневна

посета на Виена,разглед на градот: Рингштрасе.Операта,Парламентот,општината Ратхаус,

Музејот на модерна уметност,градската палата,Универзитетот,Катедралата св.Стефан,

зимскиот дворец Хофбург…..потоа слободно време за индивидуална прошетка низ преубавата Виена.Поаѓање кон Будимпешта во вечерните часови,кратка попатна посета на центарот на Будимпешта со познатата улица Ваци и познатите мостови на реката Дунав – да се доживее

новогодишната маѓија на Будимпешта бидејќи Будимпешта е еден од најубавите украсени градови во Европа.Во доцните вечерни часови заминување кон Скопје.

6.ДЕН – СКОПЈЕ (02.01.2019)

Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 7999 денари

За реализација на аранжманот е потребен број од минимум 45 патници,во случај да нема доволен број патници агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето најдоцна 3 дена пред патувањето.Програмата е составен дел на договорот.

ПОНУДАТА Е ПО ЛИЦЕ И ВКЛУЧУВА:

- 3ноќевања со појадок во хотел со 3* во Прага

- Превоз со високотуристички автобус

-Организиран разглед на Прага

-Организиран разглед на Виена

-Посета на центарот на Будимпешта

-Професионален туристички придружник

ВО ЦЕНАТА НА АРНАЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО

-Факултативен излет за Карлови Вари-20 Е

-Крстарење по реката Влтава со Ди-џеј двочасовна предновогодишна забава на број-15 Е

-Посета на 3 различни дискотеки за 3 ноќи со вклучена новогодишна прослава

-Задолжително патничко осигурување (доплата во агенција) -5 Е

- Попуст за пакет факултативни излети – информации во агенцијата.

Можете да го испратите вашето барање во формуларот подолу.

Цена од MKDден7,999 MKDден6,998/човек
6,998
Вкупно ден 6,998 MKD