Почетна > Дестинации > Прага > Прага Дрезден Виена – 5ти декември

Прага Дрезден Виена – 5ти декември - 5 Дена

prague
Прага Дрезден Виена – 5ти декември
5999
  1. ДЕН. 05.12.2018 – СКОПЈЕ – ПРАГА

Состанок на групата во 14.30 часот на „Дрводекор“, паркингот спроти хотелот Холидеј ин. Поаѓање за Прага во 15:00 часот. Дневно и ноќно возење преку Србија и Унгарија со попатни паузи и царински формалности.

  1. ДЕН. 06.12.2018 – ПРАГА

Пристигнување во Прага во претпладневните часови. Разглед на Стариот град : Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашката кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито… Сместување во хотел. Во вечерните часови можност за крстарење по реката Влтава. Враќање во хотел. Ноќевање.

  1. ДЕН. 07.12.2018 – ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. По појадокот полудневен факултативен излет за Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија. Враќање во центарот на Прага,слободно време за индивидуални прошетки и шопинг низ преубавиот центар на Прага. Во договореното време враќање во хотел. Во вечерните часови посета на пивница и дискотека. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

  1. ДЕН. 08.12.2018– ПРАГА – ДРЕЗДЕН

Појадок. Предлагаме целодневен факултативен излет за Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска Богородична црква –Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Враќање во Прага во вечерните часови. Ноќевање.

  1. ДЕН. 09.12.2018 – ПРАГА – ВИЕНА

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и поаѓање за Виена, попатна посета на Виена, разглед на градот, Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, гратската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, зимскиот дворец Хофбург… потоа слободно време за индивидуална прошетка. Поаѓање за Скопје во предвечерните часови, ноќно возење преку Унгарија и Србија .

  1. ДЕН 10.12.2018 – СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови. (06-08 часот)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :

За реализација на аранжманот е потребен минимум од 45 патници ,во случај да нема доволен број патници агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето најдоцна 3 дена пред патувањето. Програмата е составен дел на договорот.

ПОНУДАТА Е ПО ЛИЦЕ И ВКЛУЧУВА

  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3 * во Прага

  • Превоз со високотуристички автобус

  • Организиран разглед на Прага

  • Организиран разглед на Виена

  • Професионален туристички придружник

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО

  • Факултативен излет за Карлови Вари – 20 €

  • Факултативен излет за Дрезден – 20 €

  • Крстарење по реката Влтава – 15 €

  • Пивница ( со вклучен пијалок ) и дискотека – 10
  • Задолжително патничко осигурување(доплата во агенција) -5 Е

Можете да го испратите вашето барање во формуларот подолу.

Цена од MKDден5,999/човек
5,999
Вкупно ден 5,999 MKD