Почетна > Дестинации > Рим > Рим Фиренца – 5ти декември

Рим Фиренца – 5ти декември - 5 Дена

firenze
Рим Фиренца – 5ти декември

1.ДЕН Скопје (05.12.2018)

Состанок на групата во 10:00 на паркингот пред Холидеј Ин. Поаѓање во 10:30. Дневно и ноќно патување преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2.ДЕН РИМ(06.12.2018)

Пристигнување во Рим во претпладневните часови.Сместување во хотел. Слободно попладне наменето за одмор. Во вечерните часови ноќна прошетка и разглед низ преубавиот Рим by night: Фонтана ди Треви, Шпанскиот плоштад… Во доцните вечерни часови во договореното време со групата враќање во хотел.Ноќевање.

3.ДЕН РИМ (07.12.2018)

Појадок. Можност за факултативна посета на Ватикан и Ватиканскиот музеј и црквата Св. Петар. По разгледот посета на Колосеумот, Римскиот форум, плоштадот Венеција, Шпанските скали,Пантеон (Рафаеловиот гроб), Пјаца Навона со Берниевата фонтана четири реки”.Ноќевање.

4.ДЕН РИМ (08.12..2018)

Појадок. Можност за факултативен излет на гратчето Тиволи кое е 40км оддалечено од Рим и посета на комплексот на преубавите градини Villa D’este кои припаѓаат на најдобрите ренесансни градини и се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи,пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини на маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Слободно попладне наменето за индивидуални прошетки и шопинг низ главните шопинг улици на преубавиот Рим: Via Nazzionale I Via del Corzo. Ноќевање.

5.ДЕН РИМ – ФИРЕНЦА (09.12.2018)

Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон Македонија, по договор со групата можност за факултативна посета на Фиренца.Дневно и ноќно возење низ Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

6.ДЕН СКОПЈЕ 10.12.2018)

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ЦЕНА НА ПРЕВОЗОТ:

ПОНУДАТА Е ПО ЛИЦЕ И ВКЛУЧУВА:

  • 3 Ноќевања со појадок во хотел со 3* во Рим
  • Превоз со високо туристички автобус
  • Организиран разглед на Рим
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Факултативна посета на Ватикан со вклучен превоз, водич и влезница 36 eur

-Факултативен излет на Тиволи –20 eur

-Билети за јавни превозни средства (метро и трамвај)

- Факултативна посета на Фиренца – 10 еур

-Задолжително -патничко осигурување

Можете да го испратите вашето барање во формуларот подолу.